Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели најверојатно ќе заигра и во Бундес лигата. По Калчото, Премиер лигата, и францускиот шампионат, Балотели е на чекор да стане нов фудбалер на Борусија Дортмунд и следната сезона да ја помине во германското првенство.
Ова не е шега, и информацијата ја соопшти неговиот агент Мино Рајола.
– Да, Марио Балотели следната сезона ќе игра во Борусија Дортмунд“, изјави Раиола. Сепак, и тој е некогаш контроверзен, па медиумите овој негов став го земаат со мала резерва.
Марио Балотели е слободен фудбалер, откако истече неговиот едногодишен договор со францускиот клуб Ница. За него постои интерес и од Олимпик Марсеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани
-
„Милионерите“ имаат нов десен бек: Џереми Тојлан нов фудбалер на Дортмунд
-
Борусија Дортмунд експресно најде замена за Дембеле