За да ја поправат крвната слика на својата економија, Грците посегнаа по мерка пробана и во други земји – златна виза за оние кои ќе инвестираат или ќе купат недвижнини. И, ете ти ги Кинезите.
Не е дотолку јагма како кај наши луѓе по бугарски пасоши но, Кинезите се најбројни меѓу оние кои ја искористиле грчката понуда за златна виза, односно 5 годишна дозвола за престој во Грција за секој странец кој ќе инвестира или купи имот над 250.000 евра.
Од околу 4.000 лица кои добиле престој по овој основ, преку 1.500 се Кинези, по нив се Русите а има и Ирачани, Либанци и Египќани. Дозволата за престој не значи и државјанство за што се потребни дополнителни години престој во Грција.
Кинезите генерално се сериозни инвеститори во таа земја. Во 2016 за 500 милиони долари купија 67% од пристаништето во Пиреја кое планираат да го направат клучен трговски јазол на Медитеранот. Две години претходно, кинеската групација Фосун влезе во атинскиот аеродром и бизнисот со недвижнини а подоцна влезе и во грчки осигурителни компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Кина најпосакувана туристичка дестинација во наредното десетлетие
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


