| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ e партија или играорно друштво?

Партијата на лидерот Али Ахмети, која до вчера беше коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, сега е во Владата на СДСМ. Toa што зачудува е фактот што партијата, очигледно, нема доследни ставови, пишува „Вест“.

За што станува збор?

– Гласаа за екстерно тестирање, сега се против;

– Гласаа да има огра околу Владата, сега се против;

– Гласаа да се воведе наставната програма по Кембриџ во образованието, сега се против;

– Гласаа докторите да се плаќаат според срабитеното, сега ќе гласаат против.

Оттука оваа партија тешко може да се каже дека е политичка партија, уште помалку со идеологија, заклучува „Вест“. Па се поставува прашањето дали е ова политичка партија или играорно друштво, како им се свири така играат?

Порталот им се извинува на играорните друштва што ги користи како метафора во овој краток текст во смисла дека партија игра во согласност со музиката што ѝ се свири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top