| четврток, 6 декември 2018 |

Скромно и евтино – Иванка Трамп во фустан од 17 долари

Откако Доналд Трамп стана претседател на САД, целото негово семејство е будно набљудувано.

Неговата ќерка Иванка беше фотографирана додека излегуваше од својот дом во Вашингтон облечена во креација од колекцијата на Викторија Бекам за Target. Тоа што беше изненадувачки и што поттикна бројни коментари, е што фустанот со бела кала во моментов чини само 17,5 долари.

Својот стилски избор, 35-годишната мајка на три деца го надополни со црни обувки и чантичка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top