Турскиот аеродромски оператор ТАВ планира да конкурира, заедно со мнозинскиот акционер на парискиот аеродром АДП (Aeroports de Paris-ADP), за правото за управување со аеродромот Ла Гвардија во Њујорк.
Директорот на ТАВ, Сани Сенер, веќе изјави дека ТАВ и АДП ќе аплицираат на тендерот за Ла Гвардија, кој е аеродром за домашни летови во САД, а само во 2011 година имаше над 24,1 милион патници.
ТАВ управува со истанбулскиот аеродром „Ататурк“, со аеродромот „Есенбог“ во Анкара, со „Аднан Мендерес“ во Измир, со „Газипаша“ во Анталија, со аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот во Охрид „Свети Апостол Павле“ во Охрис, како и со аеродроми во Грузија и Тунис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


