Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој ја предводи делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на конференцијата на Европската народна партија (ЕПП), посветена на интеграцијата на државите од Западен Балкан, имаше обраќање во Брисел.
Пред обраќањето на конференцијата првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ се сретна претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, а на средбата „ги реафирмирал позициите за членство во НАТО и Европската унија“.
Во рамки на посетата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се сретна и со европратеникот Милан Звер.
Во текот на утрешниот ден Никола Груевски и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, имаат набиена агенда на билатерални средби со голем број на европратеници, а предвидено е и да се сретнат со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан. Тема на разговорите е состојбата во Македонија и евро-атлантските аспирации на земјата, односно како најбројната партија во Европарламентот може да и помогне на македонската држава за да напредува во овој процес.
Освен него, на конференцијата учествуваат и Елмар Брок, европратеник и поранешен претседавач со комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Игор Црндак, министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Љумзим Баша, претседател на Демократската партија на Албанија, Дубравка Шуица, заменик-претседавач на Комитетот за надворешни работи на ЕП и европратеникот Туне Келам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски