| четврток, 6 декември 2018 |

Побара развод, но сеуште е лута: На Анџелина и смета што Бред одлучил да најде друга

­ Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли во октомври минатата година поднесе барање за развод од Бред Пит, а сега и пречи тоа што тој се обидува да продолжи со својот живот, пишуваат американските таблоиди. Како што вели извор близок до глумицата, таа се уште му е лута на својот поранешен сопруг, но не и е сеедно поради тоа што тој одлучил да продолжи со животот и да најде друга.

Барањето за разводот се случи поради проблемите на Пит со алкохолот и неговиот однос со децата. Оттогаш трае и нивната борба за старателство над шесте заеднички деца ­ Медокс (15), Пекс (13), Захара (12), Шајло (10) и близнаците Нокс и Вивиен (8).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top