| четврток, 6 декември 2018 |

Одбиено барањето на СЈО за замрзнување на имотот во случајот „Триста“

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за замрзнување на имотот во случајот „Триста“. СЈО бараше забрана за отуѓување и оптоварување недвижен и движен имот, сопственост на осомничен помошник на министерот за внатрешни работи. Од СЈО најавија дека ќе го обжалат решението до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.

Предметот „Триста“ на СЈО беше објавен на прес-конференција на 23 март. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи тогаш кажа дека се работи за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а постои основано сомнение дека е извршено од страна на помошник-министер во Министерството за внатрешни работи, во врска со јавна набавка што се однесува за 300 возила за полицијата, а со таквата злоупотреба Буџетот на Македонија бил оштетен за 453.570 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top