| четврток, 6 декември 2018 |

Се запалил во семејната куќа

Вчера 13,00 часот во село Ерековци-Прилеп, во куќата сопственост на 76- годишен Д.Н, од засега непознати причини настанал пожар.

Од страна на месното население и екипа пожарникари-Прилеп пожарот е изгаснат и пронајдено е мртвото тело на Д.Н. Смртта ја констатирал лекар Итна медицинска помош. Увид на лице место извршила екипа од  полициската станица – Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top