Македонско друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и разгранокот во Голо Брдо, остро реагираа на вчерашната изјава на албанскот премиер и лидер на социјалистите Еди Рама со која тој, како што велат, го минимизира бројот на македонската етничка заедница во неговата земја.
– Со индигнација ја отфрламе малициозната изјава на лидерот на Социјалистичката партија и премиер на Албанија Еди Рама на Форумот на жените во Корча кој го минимизира бројот на Македонците во Албанија иако е свесен дека не ја кажува вистината. Господине премиере, Вие многу добо знаете дека Македонците не живеат само во општината Пустец, туку и во областа Голо Брдо, областа Горa, во Тирана, Драч, Елбасан, Корча, Кукс, Либражд, Поградец, Билишта, Булќиза, Саранда, Скадар… на целата територија на Албанија, стои во реакцијата на „Илинден“.
Од име на сте Македонци, Друштвото изразува разочарување од Владата која, како што наведува, не ги признава правата на Македонците на целата територија на Албанија, туку само во општина Пустец, а кон останатите постапува дискриминаторски.
На предизбрна средба со Форумот на жени на СП за околијата Корча, Рама изјави дека „на една мала заедница, заедница со многу мал број жители и дадовме да биде посебна општина“ и праша што прави Македонија за Албанците, кои, според него, не се малцинство туку државотворен народ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.