Британската премиерка Тереза Меј изјави дека инцидентот во Лондон ќе се третира како потенцијален акт на тероризам.
– По новите информации добиени од полицијата и од безбедносните претсатвници, можам да потврдам дека ужасниот инцидент во Лондон се третира како потенцијален акт на тероризам, посочи Меј.
Таа им се заблагодари на полицијата и на брзата помош за брзата интервенција.
Меј денеска ќе претседава со состанокот на владиниот безбедносен комитет Кобра.
Во меѓувреме, градоначалникот на Лондон, Садик Кан синоќешниот напад го оцени како „намерен и кукавички“.
– Се уште не ги знаеме сите детали, но ова беше намерен и кукавички напад врз невини жители на Лондон и посетителите. Најсилно го осудивам. Не постои какво било оправдување за ваква варварска акција, посочи Кан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.