| четврток, 6 декември 2018 |

Пиштолот со кој Љупчо Стојановски пукаше во Тодоров даден на вештачење, не се знае како го набавил

Се уште трае истрагата околу обидот за убиство на високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ и до пред 2 дена вицепремиер во Владата на Република Македонија, Никола Тодоров. Од МВР велат дека пиштолот е даден на вештачење и повеќе информации околу тоа како напаѓачот стигнал до него нема во моментов.

Истрагата се уште нема утврдено дали пиштолот напаѓачот сам го купил, од кого го купил, или пак дали му бил даден. На овие прашања јавноста бара одговори, а секако тие се потребни и за целосно расветлување на случајот околу обидот за убиство на Никола Тодоров.

СДСМ веќе подолго време е со отворена кампања против Никола Тодоров, кого го нарекуваа министер за смрт, со што свесно креира хистерија против поранешниот министер за здравство, која резултираше со обид за убиство. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во вестите на телевизија Алфа, обвини дека СДСМ, Зоран Заев, невладините организации кои работат во нивна полза, како и медиумите кои што се под нивна контрола и работат директно за нив направија атмосфера до вакво нешто да дојде.

-Три години во Македонија се гради атмосфера во која што СДСМ, Зоран Заев, невладините организации кои што се впрегнати да работат во нивна полза, дел од медиумите кои што директно работат за нив градат атмосфера за да се случи нешто вакво, градат атмосфера дека ние сме монструми, ние некого сме убивале, дека Тодоров е министер за смрт сите смртни случаеви во здравството му ги препишуваа него како тој да е виновен за луѓето што заболуваат и умираат, изјави Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top