| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓани, вклучете се: Акција за подводно чистење на Охридското Езеро

Во пресрет на главната туристичка сезона, СНК „Врело“, денеска и утре спроведува еколошка акција за подводно чистење на дел Охридското Езеро.

Нуркачите ќе почнат од плажата во туристичката населба „Св. Стефан“. Ова е втора од предвидените десет акции за подводно чистење на водите.

Акцијата се спроведува под слоганот: „За да не се правдаме пред идните генерации дека не сме се обиделе ништо да сториме за заштита на водите и природата“.

Целта е да се придонесе во будењето на свеста кај граѓаните за значењето на заштитата и зачувување на чистотата на водите и заштитата на целокупната околина.

Нуркачите, истовремено, ги повикаа и граѓаните на Охрид да се вклучат во акцијата, денеска од 12:00, а утре од 10:00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top