| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид со најмногу голови: Во која минута се постигнуваат најмногу голови во финалето на ЛШ?

Вечерва сите погледи се свртени кон Кардиф, каде што ќе се одигра 61. финале во Лигата на Шампионите, натпревари во кои вкупно се постигнати 167 голови.

Најмногу погодоци се постигнати во 75. минута од средбата, дури 7, а интересно е што четири од нив се дело на играчи на Реал Мадрид (Франческо Хенто, Алфредо ди Стефано, Фернандо Серена и Раул).

По пет голови се постигнати во 39., 45. и 68. минута од средбата, додека периодот од 20. до 24. минута е најнеефикасен, бидејќи во тој период се постигнати само два гола.

Најмногу голови во финалето има постигнато Реал Мадрид – 35. Потоа следуваат Милан (22), Баерн Минхен (14), Барселона (13) и Бенфика (10).

Исто така интересен е фактот што во првите десет минути во финалињата има постигнато барем најмалку еден гол, во продолжение и статистиката од тоа:

Малдини (Милан), 2005. година – гол во 1 минута
Матеос (Реал Мадрид), 1959. година – гол во 2 минута
Мендиета (Валенсија), 2001. година – гол во 3 минута
Ракитиќ (Барселона), 2015. година – гол во 4 минута
Ван Дајк (Ајакс), 1971. година – гол во 5 минута
Реп (Ајакс), 1973. година – гол во 5 минута
Баслер (Баерн Минхен), 1999. година – гол во 6 минута
Леблон (Реимс), 1956. година – гол во 7 минута
Прати (Милан), 1969. година – гол во 7 минута
Раул (Реал Мадрид), 2002. година – гол во 8 минута
Магат (Хамбург), 1983. година – гол во 9 минута
Крес (Ајнтрахт), 1960. година – гол во 10 минута

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top