Полицијата разби шверцерска нарко група која од Албанија во Македонија успеала да внесе 40 тони марихуана. Како што стои во соопштението на МВР групата составена од двајца македонски и двајца албански државјани во февруари годинава преку водите на Охридското Езеро со моторен чамец прошверцувала огромна количина Марихуана во Македонија.
Имено, осомничените марихуаната ја купиле од селото Поградец а еден од албанските државјани бил задолжен со чамец да ја префрли во Македонија во струшкото село Калишта. Таму осомничените ја препакувале марихуаната со намера да ја продаваат.
Поднесени се кривични пријави против 4 лица на возраст од 34 до 48 години, а во средата уапсени се и двајцата осомничени македонски државјани кои ќе одговараат за недозволено производство и трговија со дрога.
Од МВР велат дека акцијата е реализирана во соработка со полициите на Албанија и Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.