| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Претстои период на реорганизација и освежување на ВМРО-ДПМНЕ

Ние сме сега партија која што иако победи на изборите, иако ја освои најголемата доверба од граѓаните, 455.000 гласови, иако најголем дел од граѓаните гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, како сплет на околности создадени пред се однадвор отидовме во опозиција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во своето гостување во Дневникот на „Алфа“.

-Претстои период во кој што ние целосно ќе се реорганизираме, ќе се освежиме со нови кадри, ќе ги реорганизираме и нашите општински комитети, месните комитети, Извршниот комитет. Ќе се претсруктуираме во секој поглед и ќе бидеме одговорна и силна опозиција која брзо ќе се врати на власт, рече Груевски.

Груевски повтори дека нема намера да се повлекува од лидерската позиција бидејќи е човек кој е победник на овие избори и човек кој што ја доби довербата од најголем број од граѓаните и превзема одговорност за понатаму.

-Крајот на овој месец истекува и мандатот на ИК, така што некаде во јули ќе има нов Извршен комитет, веројатно тоа ќе биде и добра можност да се промовираат и некои нови личности кои ќе влезат во ИК и кои што со нова енергија ќе помогнат понатаму во зацврстување на ВМРО-ДПМНЕ и забрзување на успехот, а тоа евраќање на власт на ВМРО-ДПМНЕ и предводење на Македонија со уште посилна динамика и посилни реформи напред кон подобар живот, подобар квалитет на живот, повисоки плати и сите стратешки цели кои ги има Македонија, меѓу кои што е Европската Унија, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top