| четврток, 6 декември 2018 |

Прво пекол и 35 степени, потоа пороен дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне и во вечерните часови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17 степени, а дневната од 26 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде малку до умерено облачно, попладне со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната до 32 степени.

Во наредните денови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, особено в петок вечер и в сабота околу пладне и попладне. Нестабилно во попладневните часови ќе се задржи и во текот на наредната работна седмица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top