Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски попладнево разговараше со Никола Тодоров по денешниот обид за атентат врз членот на ИК на партијата, довчерашниот министер за здравство и заменик претседател на Владата.
Груевски денеска на прес-конференција истакна дека обидот за убиство бил недвосмислен, свиреп и со умисла.
-Пукано е од непосредна близина во главата на Никола Тодоров. Присебноста и брзата реакција во дел од секундата го спасија Тодоров од првиот испукан куршум, а реакцијата на полицијата од вториот испукан куршум. Тие делови од секундата одлучија Тодоров да е жив, а неговите две деца да не се сираци. Овој обид за убиство не дојде ниту случајно, ниту без подготовка на атмосфера за тоа
СДСМ, Зоран Заев, куп невладини организации финансирани од соросовите инсталациуи, Шарената платеничка револуција, нагласи Груевски, цели три години градат атмосфера за ова денес да се случи.
Денешниот обид за убиство не беше случаен, бил подготвуван. Денес било трагано по него, со одење во неговиот дом и веќе е јасно дека е политички поттикнато со градење атмосфера против Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски