| четврток, 6 декември 2018 |

Денешниот обид за убиство не е случаен

Денешниот обид за убиство не беше случаен. Бил подготвуван. Денес било трагано по него, со одење во неговиот дом. И веќе е јасно дека е политички поттикнато со градење атмосфера против Тодоров- оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-И ова не е прв случај. Пред околу две недели, ден по незаконското гласање за Талат Џафери, во домот на родителите на Антонио Милошоски, беше пронајдена бомба која за среќа не експлодирала како што тоа некој го планирал. ако експлодирала, ќе имаше шртви, или пратеникот пратеникот и член ан ИК на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер за надворешни работи, Милошоски, или неговите родители.

Денес ден по изборот на Заев за премиер имаме обид за убиство врз Тодоров.

Пред неколку дена, со влез во зградата каде живее Гордана Јанкуловска, непознати лица влегле и го демолирале нејзиниот автомобил, како порака од некого.

Јас лично и моето семејство подолг период сме под јавна закана од повеќе страни, тргнувајќи од соопштенијата на ОНА, па преку разни криминални и политичко- новинарски структури  кои објавуваат статии како го замислувале моето убиство и погреб.

Вакво однесување СДС имаа и по доаѓањето на власт во 2002, кога вечерта по објавување на резултатите, во возилото во кое се движев беше испукан куршум, кој за среќа не ме погоди. Сторителот не се најде тогаш. Сторителот не е најден ни во случајот со поставената бомба во дворот на родителите на Милошоски.

За среќа денешниот сторител е совладан од полицијата на лице место. Доколку не беше совладан тука, доколку не се најдеше полиција тука да го совладаат и доколку избегаше, можеби и него немаше да можат да го најдат.

Овој случај, овој подмолен чин нема да не заплаши ниту ќе не премисли во нашето делуање, ниер ќе продолжиме да бидеме на страната на вистината на страната на правдата на страната на државните и на страната на националните интереси на Република Македонија- посочи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top