| четврток, 6 декември 2018 |

Пред да пука кај Министерството, напаѓачот го барал Никола Тодоров во неговиот дом

Напаѓачот го барал Никола Тодоров во неговиот дом пред да пука во него пред Министерството за здравство, јави Press24, повикувајќи се на добро упатени извори. Според информациите, велешанецот Љ.С. со уште две лица од рано наутро го чекал Тодоров пред Министерството. Откако не дошол, напаѓачот се упатил кон домот на Тодоров.

Тропнал на неговата врата, но откако видел дека тој не е дома, заминал назад во Министерството за здравство, каде што го извршил нападот.

За среќа, никој не е повреден, а напаѓачот е приведен. Од полицијата сѐ уште нема потврда за вмешаноста на други лица во нападот, но очевидци велат дека Љ.С. заедно со уште две лица цело утро бил пред Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top