| четврток, 6 декември 2018 |

Бомба за Милошоски, куршуми за Тодоров: Црната кампања на СДС ги поттикна насилниците да посегнат по животот на политичките противници

 

Штотуку беше извршен обид за убиство на досегашниот министер за здравство и поранешен пратеник и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, притив кого во последниот период се водеше претенциозна црна кампања, која имаше цел да ги поттикне насилниците да посегнат по животот на политичките противници.

Во кампањата на СДС и медиумите под контрола на Сорос, Тодоров беше нарекуван „министер за смрт“, а оваа црна кампања изгледа ја исполни целта – наместо мирен трансфер каков што вети ВМРО-ДПМНЕ, да дојде до обид за убиство на министерот за здравство кој требаше да изврши примопредавање на Министерството.

СДС бараше мирен трансфер на власта, а ВМРО-ДПМНЕ тоа и го вети, како што нагласи и поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, во обраќањето во Собранието доцна синоќа.

Но, очигледно, мирниот трансфер не требало да го обезбеди власта во заминување, туку власта која доаѓа заедно со „новиот живот во Македонија“.

За жал, последниов период Тодоров не е единствениот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој е предмет на закани по животот.

Пред само две недели цел на насилници беа родителите на Антонио Милошоски, исто така висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и пораншен министер.

„Вчера вечер во с. Ижиште, околу 22 часот, екипи на МВР крим техника од М. Брод, Прилеп и антитероризам од Скопје успешно демонтирале бомба на задната врата во куќата на татко ми, кукавички поставена со цел да ги убие или рани моите родители. Имале среќа и Божја рака врз нив, и татко ми и мајка ми, што не турнале посилно кога отворале, а откако тој видел за што се работи, уредно пријавил. Очекувам сторителите да бидат пронајдени од надлежните органи“, објави на „Фејсбук“ Милошоски на 14 мај.

Ова е обид за убиство на моите родители, голема среќа е што бомбата не се активирала

Под постојана закана врз своите и врз животите на членови на потесното семејство живеат повеќе високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска при влезот во Министерството за здравство, 57-годишниот Љупчо Николовски од Велес со неколку истрели од огнено оружје се обидел да го убие досегашниот министер за здравство и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров. Тодоров е надвор од животна опасност, а лицето што пукало во него е фатено.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top