Во последниот период врз досегашниот министер за здравство и поранешен пратеник и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров се водеше претенциозна црна кампања, која имаше цел да доведе до зголемување на револтот кај некои граѓани. Во кампањата на СДС и медиумите под контрола на Сорос Тодоров беше нарекуван „министер за смрт“, а оваа црна кампања изгледа ја исполни целта – на денот на мирниот трансфер на власта дојде до обид за убиство на министерот за здравство кој требаше да изврши примопредавање на министерството.
За жал, последниов период Тодоров не е единствениот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој е предмет на закани по животот.
Денеска при влезот во Министерството за здравство 57-годишниот Љупчо Николовски од Велес со неколку истрели од огнено оружје се обидело да го убие досегашниот министер за здравство и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров. Тодоров е надвор од животна опасност, а лицето што пукало во него е фатено.
За повеќе детали за обидот за убиство ќе ве информираме подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Никола Тодоров сведочи за настаните на 27 април
-
Тројца тинејџери од Тетово ќе одговараат за обид за убиство: Избол 17 – годишник со нож, па со мајка му се пријавил во полиција
-
Почнува судењето против дедото на Тамара за обид за убиство на Никола Тодоров
-
Српската естрада под истрага: Уапсени двајца пејачи на „Гранд“ поради обид за…