| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Уапсен охриѓанецот што ја издрогира брачната двојка и ја остави на Галичица

Охридската полиција уапси еден од двјацата охриѓани што ја издрогирале брачната двојка од Скопје, која дошла кај нив за да купи автомобил, но тие ја ограбиле и на крајот ја оставиле на Галичица. Брачната двојка не се сеќава како се нашла таму, но се сети дека тргнала во Охрид за да купи автомобил, како и на куќата каде што седнале да пијат кафе со нивниот наводен продавач.

МВР јави дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело разбојништво, СВР Охрид поднесе кривична пријава за Г.П. (37) и Г.П.(37), двајцата од Охрид. Второпријавениот е во бегство поради што СВР Охрид презема интензивни мерки  за негово пронаоѓање.

Охриѓанецот ги чекал скопјаните на автобуската станица во Охрид бидејќи, наводно, тие требале да купат од него автомобил „мерцедес“. Кога се сретнале, ги однел во неговиот дом, каде што ги послужил со кафе и со кисела вода.

По ова, сопружниците заспале, а осомничениот заедно со уште едно лице, кое е во бегство, ги ограбил и ги оставил на Галичица, каде што се разбудиле скопјаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top