ВМРО-ДПМНЕ направи се што е во наша моќ, но кога видовме дека се понатаму оди на штета на граѓаните, ние попуштивме на наша штета. Отсекогаш познат манир на СДСМ бил многу ветувања а малку учинок. Од утре СДСМ ја превзема одговорноста, но нема да поминат ниту шест месеци а вие вината за вашите неуспеси ќе ја префрлувате на нас, рече Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница на неполн час пред изгласувањето на новата влада.
Тој се осврна на мерките и проектите што зад себе ги остава ВМРО-ДПМНЕ.
-Времето ќе помине па ќе се споредиме кој колку направил. Промените во персоналниот данок и придонесите што ги најавуваат ќе направат проблем, оставивме над 170.000 повеќе вработени од она што го стекнавме. Цел свет ни признаваше за политиката на нови даноци, а во новата власт нема лица способни за привлекување странски инвестиции. Ако намерно не се избркаат, треба допрва да доаѓаат други инвеститори. Просечните пензии пораснаа за 80 отсто, платите во администрацијата за околу 30 насто. Редици граѓани чекаа визи, некои ги тераа да играат оро, денеска имаме безвизен режим. Проблемите на граѓаните нема да се решат со воведување период на евтина струја. Нашите дела и проекти ќе останат. Да не ги споменувам изградените патишта, училишта, универзитети и една милијарда евра дадени субвенции досега, рече Груевски.
Моја сатисфакција е што го принудивме новиот премиер да ја гарантира унитарноста на Македонија и да се откаже од странски платформи, се осврна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Останавме на ставот фер да се решава спорот за името со јужниот сосед. Народот секогаш ќе може да се потпре на ВМРО-ДПМНЕ – рече на крај тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски