Поранешниот министер за финансии Трајко Славевски целосно го разобличи економскиот дел од програмата на Заев, кој е неиздржан, во гостувањето во емисијата Топ Тема на Телма телевизија.
Славевски со факти и аргументи посочи зошто економската програма на СДС е неиздржана и нереална. Според него враќањето на ДДВ-то на 15 проценти, како што се најавува, би колабирало за неколку месеци од неговата примена.
Славевски додава и дека лицитирање со прецизни бројки, како минимална плата од 12.000 е погрешно. Тој смета дека зголемувањето на минималната плата ги исфрла од работа токму оние на кои што сака да им помогне, дополнително што истата не би смеела да се однесува на повеќе од 5-6 проценти од вкупниот број работници во индустријата.
Поранешниот министер за финансии вели и дека ако се воведе повисока стапка од 18% данок, луѓето ќе изнајдат начин да го избегнат тоа и ќе се плаќа помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.