| четврток, 6 декември 2018 |

Проверете доколку патувате за Грција: По полноќ граничните премини ќе бидат делумно затворени

 

elas

Поради 24-­часовен штрајк на грчката царина, од 21 часот вечерва граничниот премин Стар Дојран нема да пропушта патнички и товарни возила. Можност за премин ќе имаат само пешаци, соопшти АМСМ.

Од 00:00 часот на полноќ, пак, во генерален штрајк што ќе трае 24 часа стапуваат и грчките царински служби на граничен премин Евзони поради што, во тој период, товарниот сообраќај при влез и излез во Грција ќе биде во целосен прекин, додека автобускиот и патничкиот сообраќај ќе функционира со повремени прекини (60 минути блокада, 15-­тина минути пропуштање).

Утре од 7:00 часот ќе почне штрајк и на граничниот премин Ники кој ќе трае до 24:00 часот. Во тој период ќе бидат пропуштани само пешаци, не и возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top