
Во Давос денеска почнува Светскиот економски форум посветен на стимулирачките мерки за излез на светската економија од кризата. Лидерите на Русија, Велика Британија, Германија и Италија – Дмитриј Медведев, Дејвид Камерон, Ангела Меркле и Марио Монти во Давос ќе имаат свое обраќање на тема економско заздравување.
Меѓу учесниците на Форумот се и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, претседателот на Свестката банка Џим Јон Ким, генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард и претседателот на Европската централна банка Марио Драги.
На Форумот во Давос ќе се разговара и за кризата во еврозоната и за иднината на Европската унија .Светскиот економски форум ќе трае до 27 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


