Женска банда која ја сочинуваат три жени, киднапирала маж, го силувале три дена, присилно го хранеле и му давале енергетски пијалаци, соопштила полицијата во Јужна Африка.
Жртвата(23) е пронајдена трауматизирана и исцрпена, откако бил фрлен на ливада полугол, после 72 часа мака.
Јужноафриканските полицајци покренале истрага за наводното силување на момчето.
Истрагата досега утврдила дека момчето се возело во минубус со три млади жени. Во еден момент, на пат до градот, возачот ја сменил насоката и го замолил да седне напред.
-Една од жените тогаш наводно му вбризгала непозната супстанца и тој се онесвестил, по што се разбудил во непозната соба во кревет- соопштила портпаролката на полицијата Колет Велбек и ги повикала сите жртви да пријават доколку биле изложени на сексуално насилство, без оглед на полот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.