
Александар Вучиќ гостувајќи на ТВ Пинк го прокоментира и албанскиот премиер Еди Рама кој присуствуваше на состанокот на шефови на западен Балкан во Брисел.
На неформалниот состанок со европската претставничка за надворешна политика Фредерика Могерини, Рама дошол прилично лежерно облечен, па многумина го забележаа неговиот стил и јавно го коментираа.Вучиќ се осврнал на тој состанок и пред се пошегувал на сметка на висината на албанскиот премиер.

-Еди се качи на штикли за да биде висок како мене. Секогаш има некои ѓонови, јас се смеев. Инаку Еди е многу шармантен и интелигентен. Тој веројатно се шегувал, па дојде во тренерка. Тој е уметник и со тоа веројатно сакаше да го покаже неговиот однос кон ЕУ- рекол Вучиќ.
На прашањето дали некој го критикувал заради дрес кодот, Вучиќ додал:
-Што има некој да го критикува, како да критикувате шеф на држава, може да се облече како сака-рекол Вучиќ.

За потсетување, Рама во 2014 година при посетата на Белград носел чевли со платформа, а се шпекулирало дека тоа го направил за да биде приближно висок како Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


