Директорот на Клиниката за неврохирургија е на информативен разговор во полициска станица. Од МВР потврдуваат но не посочуваат никакви детали.
„По пријава на граѓанин лекарот е повикан на информативен разговор во полициска станица, се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.
Регираше Лекарската Комора на Македонија на објавите во медиумите.
– Лекарската комора на Македонија, како професионална асоцијација на докторите, потсетува дека за секој граѓанин важи правото на пресумпција на невиност се до завршувањето на некоја постапка. Со тоа не се бега од одговорноста, туку се бара почитување на правото и законските процедури. Од тие причини апелираме тоа право да се почитува и за случаите во кои се инволвирани и докторите затоа што во спротивно се крши едно од универзалните човекови права, содржано во голем број меѓународни документи и конвенции – се наведува во соопштението од оваа здравствена асоцијација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кај него и здрави би чекале ред: Тој е најпосакуваниот доктор на светот!
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
ДУИ не дава „рамковните” да го чистат Клиничкиот центар
-
Лекар од Мексико тврди: Човекот со најголем пенис лаже, кожата му е до колена