| четврток, 6 декември 2018 |

Судир на три возила: Велешанец се бори за живот по тешка сообраќајка

Едно лице се здоби со повреда опасна по живот со судирот меѓу три возила што синоќа околу 23.00 часот се случи на патот Штип-с.Кадрифаково.

Во сообраќајката учествувале автомобил „голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц. од Штип, автомобил „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.С. од Куманово и автомобил „ауди“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ј.В. од с.Чифлик, општина Чешиново-Облешево.

По незгодата возачите на возилата и сопатниците биле пренесени во Клиничка болница Штип, од каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. По излегување од болницата,  на сопатникот од   „БМВ“, В.И. од Велес му се слошило, по што истиот е вратен во болница, констатирана му е повреда опасна по живот и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top