| четврток, 6 декември 2018 |

Ентони Бордејн никогаш не јаде храна што ја служат во авионите

Ентони Бордејн за магазинот „Бон апетит“ раскажува која храна не треба никогаш да се јаде.

Запрашан дали некогаш јаде во авион, Бордејн одговорил: Никогаш!

– Никој не се чувстувал подобро откако изел храна во авион. Мислам дека луѓето јадат во авион од досада. Но, јас не јадам. Сакам да стигнам гладен таму каде што сум тргнал. Кога летовите се долги, порачувам само сирење и многу вино. Каснувам малку сирење и пијам вино додека не се напијам убаво, како човек – вели Бордејн.

И Гордон Ремзи неодамна порача дека не се јаде храната во авионот.

– Работев за авио-компании 10 години и затоа знам за храната која се служи во авионите – изјави тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top