| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе се, од 13 јуни ќе може да аплицирате за билет за Суперкупот на Европа

На 8 август во Скопје ќе се случи најголемиот спортски спектакл одржан во Македонија, нашата земја ќе биде домаќин на Суперкупот на УЕФА на кој ќе играат Манчестер јунајтед и некој од финалистите во Лигата на шампионите, Јувентус и Реал Мадрид.

Интересот за билети за овој натпревар е огромен, а според информациите на УЕФА за ќе ви биде потребна повеќе среќа отколку брзина. УЕФА потврди дека влезници ќе можат да се набават само преку официјалниот сајт на Европската фудбалска федерација и преку ниеден друг.

Процедурата за набавка ќе биде иста како и за финалињата од Лигата на шампионите и од Лигата на Европа.

За билет ќе треба да се аплицира на линкот „https://supercup.tickets.uefa.com/lottery/welcome_en.html“, кој засега не е активен.

Аплицирањето ќе се врши во термин од 13 јуни до 4 јули, кој УЕФА дополнително ќе го определи, а самата апликација не значи дека сте купиле билет. Откако ќе заврши рокот, УЕФА преку мејл ќе ги извести добитниците на билети, а потоа ќе се врши плаќањето.

УЕФА наскоро и официјално треба да ги потврди термините за аплицирање и цените на билетите што неофицијално ќе бидат од 15 до 50 евра.

Сè уште не е познато колку билети ќе бидат пуштени во продажба со оглед на тоа дека двата клуба ќе добијат по околу 5.000 влезници за своите навивачи, а дел од билетите ќе бидат наменети и за ФФМ, спонзорите и партнерите на Суперкупот на УЕФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top