| четврток, 6 декември 2018 |

„Нетпрес“: Никола Димитров – човек со сите политички бои

nikola dimitrov crop

Во галеријата ликови кои Зоран Заев ги понуди за министри, еден особено се издвојува – Никола Димитров, како „независен“ предлог на социјалдемократите за шеф на дипломатијата. Личност што од функционер во времето на „првото“ ВМРО-ДПМНЕ, станува преговарач во спорот за името од тогашниот претседател Бранко Црвенковски и советник за национална безбедност на Никола Груевски, до министер за надворешни работи во владата на Зоран Заев, пишува „Нетпрес“.

Во прв ред, мора да се апострофира зошто само неколку часа по објавувањето на листата на Заев и кандидатите на социјалдемократите или, сепак, лично негови, за министерските позиции, многу од „не-режимските“, нели, медиуми поитаа да ја објават биографијата со акцентирање на тоа дека Никола Димитров „сите недоумици за новата функција можеби беа решени со објавената фотографија на Фејсбук профилот на Димитров со Хојт Ји“..

Демек, човекот, ете, е избор на Американците. А, вистинската причина е да се направи обид за амортизирање на незадоволството, и тоа големо, кај поголемиот дел од партиското челенство и првирзаниците на социјалдемократите од изборот на Никола Димитров. Во прв ред предизвикано од неговиот навистина шарен животопис од политички и идеолошки аспект, и второ, а што очигледно за социјалдемократите не претставува никаков проблем – и од неговата компетенција за извршување на функцијата, која би требало да му биде доверена во чувствителниот период. Дури загрижените сдсмовци во обидите да го спречат неговото предлагање беа најбрутално лажени дека Димитров е предлог на ДУИ. Но, тоа веќе ќе е проблем на Заев и на неговите партиски содружници, кои споменатата персона, најблаго кажано, ја доживуваат како „Тројански коњ“.

nikola dimitrov

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top