| четврток, 6 декември 2018 |

Кански фестивал: „Златна палма“ за шведскиот филм „Плоштадот“

Никол Кидман, освои специјална награда на жирито по повод јубилејното 70-то издание за улогите во два филма - „Измамени“ на Софија Копола и „Убиството на светиот елен“ на Јоргос Лантимос

Шведскиот филм „Плоштадот“, необична сатирична комедија за уметничкиот свет на режисерот Рубен Остлунд, ја доби наградата „Златна палма“ на 70. јубилејен Филмски фестивал во Кан.

Победата на Остлунд, кој пред три години со драмата „Виша сила“ освои награда за најдобра режија, претставува изненадување, а филмот добро помина кај критиката.

Наградата на Остлунд му ја врачија претседателот на фестивалското жири Педро Алмодовар и актерката Жилиет Бинош.

Францускиот фаворит за највисоката награда „120 отчукувања во минута” на Робин Кампијо, кој говори за подемот на активизмот за борба против сидата, освои Гранпри на жирито.

Признанието за најдобар режисер го доби Софија Копола за филмот „Измамени“, кој е римејк на истоименото дело на Дон Сигел од 1971 година. Станува збир за трогателна драма за Американската граѓанска војна со Никол Кидман и Кирстен Данст.

– Му благодатам на татко ми што ја сподели со мене љубовта кон киното – рече ќерката на Френсис Форд Копола примајќи ја наградата.

Нејзиниот руски колега Андреј Звјагинцев пак го доби најголемото признание од жирито, Звјагинцев ја заслужи наградата со филмот „Без љубов“, кој е слика на бруталното и нехумано руско општество.

Copyright 2017 The Associated Press. All rights reserved. This material may not be published, broadcast, rewritten or redistributed without permission. Mandatory Credit: Photo by AP/REX/Shutterstock (8848109h) Paolo Sorrentino, Agn's Jaoui, Gabriel Yared, Fan Bingbing, Pedro Almodovar, Jessica Chastain, Park Chan-wook, Maren Ade, Will Smith Jury members Paolo Sorrentino, from left, Agnès Jaoui, Gabriel Yared, Fan Bingbing, Pedro Almodovar, Jessica Chastain, Park Chan-wook, Maren Ade and Will Smith pose for photographers upon arrival at the award ceremony at the 70th international film festival, Cannes, southern France 2017 Award Ceremony Red Carpet, Cannes, France - 28 May 2017

Никол Кидман, освои специјална награда на жирито по повод јубилејното 70. издание за улогите во два филма – „Измамени“ на Софија Копола и „Убиството на светиот елен“ на Јоргос Лантимос.

Американскиот актер Хоакин Феникс освои статуетка за најдобар актер за улогата во ветеран од Ирак во психолошкиот трилер на британската режисерка Лин Ремзи „Никогаш не си бил всушност тука“.

Златна камера за деби освои „Млада девојка“ на француската авторка Леонор Серај.

„Златна палма“ за краток филм му беше доделена на 15-минутниот кинески филм „Нежна ноќ“ на режисерот Циу Јан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top