| четврток, 6 декември 2018 |

Грабар ­Китаровиќ: Балканската мигрантска рута треба да остане затворена

грабар

Хрватската претседателка Колинда Грабар­ Китаровиќ изјави дека балканската мигрантска рута треба трајно да остане затворена. Таа ова го изјави вчера, во текот на вториот ден од учеството на безбедносната конференција „GLOBSEC 2017“, во Братислава, пренесе ХРТ.

-Доколку одредени земји примат одреден број мигранти или азиланти, тие можат директно и многу поевтино, без помош на трговците со луѓе, да дојдат до овие држави, вели таа, додавајќи дека потенцијален нов бран миграција сигурно ќе го дестабилизира југоистокот од Европа. ­Меѓутоа, тука, исто така, се и различните влијанија што го пополнуваат вакуумот што се појави заради ­ нема да кажам престанокот, но секако застојот во процесот на евроатлантските интеграции- изјави Грабар ­Китаровиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top