| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП затвори 35 дуќани во Полог

Триесет и пет објекти во Тетово и Гостивар се затворени деновиве поради неиздавање фискални сметки.

„Во рамки на контролите кои беа спроведени во вкупно 35 објекти во Тетово и Гостивар, Управата за јавни приходи констатираше 17 случаи на неиздавање на фискални сметки и 9 случаи каде субјектите воопшто не се регистрирани за даночни цели.

Дел од субјектите кои не издавале фискални сметки мора да платат казна во висина од над  3000 евра а нема да можат да отворат 30 дена , додека тие што работеле на диво ќе треба да учат како се води фирма  во Управата за јавни приходи и  во рок од 5 дена да се регистрираат, во спротивно се соочуваат со парични казни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top