Лидерот на синдикалците дипломати, поточно на вработените во министерството за надворешни работи Сашко Тодоровски агитира за социјалдемократите непосредно пред изборниот молк или на 9 декември 2016, а изборите се одржаа на 11 декември во неделата. Тоа го прави во работно време, користејќи ресурси од работното место, пренесува „Вест“.
Во име на Извршниот одбор на Синдикатот во меил упатен до вработените користејќи го службениот меил тој заклучува дека „единствен политички субјект со кој би можело да се развие барем иницијален сидикален дијалог е СДСМ“. Тодоровски со ова отворено влегува во изборна кампања вршејќи притисок врз членовите на Синдикатот а вработени во администрацијата да гласаат за една политичка опција на изборите.
Еве што пишува првиот синдикалец во меилот испратен до своите членови.
Доколку се погледнат правните норми, поточно Законот за административни службеници кој има општи одредби за делување на вработените во администрацијата ќе се забележи дека е забрането искажување и застапување на политичко уверување во вршење на работните задачи. Ова според Законот е дисциплински престап, а членот 73 став 1 точка 3 од Законот гласи: „Искажување и застапување на политичко уверување во вршењето на работните задачи, учество во изборни активности или други јавни настапи од таков карактер во текот на работното време, доведување во прашање на својот статус на административен службеник со вршење на партиски активности, носење или истакнување на партиски симболи во работната просторија“.
Истите овие одредби се однесуваат и на вработените во МНР. Според Законот за надворешни работи или член 74 кој се однесува на дисциплинска и материјална одговорност се вели : „Одредбите од Законот за административни службеници кои се однесуваат на дисциплинска и материјална одговорност се применуваат на дипломатите и помошно – стручните службеници во Министерството“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.