| четврток, 6 декември 2018 |

Франческо Тоти на проштална вечера со соиграчите

Легендата на Рома, Франческо Тоти ги повика сите свои соиграчи на проштална вечера пред последниот натпревар во дресот на „римската волчица“, но ги игнорираше тренерот Лучијано Спалети и неговите асистенти.

Овој викенд, 40-годишниот италијански фудбалер ќе им каже збогум на своите фанови во последното коло од Серија А против Џенова на Горан Пандев.

Живата легенда на римската екипа има постигнато 307 гола на 785 натпревари во својата клупска кариера. За репрезентацијата на Италија постигна 9 гола на 58 натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top