| четврток, 6 декември 2018 |

Насилници каменувале воз кај скопски Бутел, еден патник со искршена глава

vozovi

Еден патник бил повреден откако непознати вандали завчера каменувале воз во близина на железничката пруга кај скопската населба Бутел.

Како што соопшија од полицијата, вандалскиот чин бил извршен околу 17 часот, а мета на вандалите бил возот кој сообраќал на линијата Кичево – Скопје. По канонадата фрлени камења, еден завршил во главата педесет и петгодишниот Ш.Р. од скопското село Радуша. Повредениот патник веднаш бил префрлен во болница каде му била укажана лекарска нега.

Полицијата трага по вандалите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top