Кинотеката на Македонија го одбележува Јубилејот „90 години од раѓањето на Димитрие Османли“.
Свеченото одбележување е на 29 мај, понеделник, со почеток во 19 часот. Со пригодни беседи за доајенот на македонската кинематографија, кон публиката ќе се обратат Александар Прокопиев и Илинденка Петрушева. Одбележувањето ќе продолжи со проекција на филмот „Мирно лето“ на Димитрие Рули Османли.
Одбележувањето на овој јубилеј ќе продолжи со проекции на филмовите од овој наш значаен филмски автор. Во вторник, 30 мај, 20 часот ќе се емитува „Мементо“, на 31 мај, среда, 20 часот е „Ангели на отпад“, а на први јуни ќе биде прикажан „Жед“. Одбележувањето на јубилејот завршува со избор на документарни и кратки филмови на Османли на 3 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.