Група од 91 затвореник побегнале од затвор во североисточен Бразил низ тунел кој бил долг околу 30 метри, јавуваат западните медиуми. Полицијата сепак успеала да фати девет од нив, а локалните власти трагаат за останатите. Голем број полицајци учествуваат во потрагата.
Во истиот дел од Бразил, во јануари побегнаа 56 затвореници по бунт и судири меѓу фракциите во затворот. Тогаш загинаа 26 луѓе. Според податоците, затворот бил пренатрупан бидејќи во него имало 589 затвореници, иако капацитетот бил за 382.
Пренатрупаноста на затворите во Бразил се последица на нарко картелите и зголемениот број насилство во последниот период.
Бразил има четврта најголема затворска популација на светот по Соединетите Американски Држави, Кина и Русија со над 622.000 затвореници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.