Времето во Македонија ќе биде облачнои свежо со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни особено во претпладневните часови. Од овој влажен бран на повеќе места се очекува да наврнат над 45 л/м2 воден талог. Кон крајот на денот интензитетот на врнежите ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 14 до 18 степени.
Во Скопје слично време, облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во претпладневните часови, а попладне интензитетот на врнежите ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 17 степени.
Во сабота ќе има слаби локални врнежи од дожд, а од недела се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.