Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, денеска извршија увид во градежните активности на пешачката патека која се гради околу Преспанско Езеро.
Пешачката патека околу езерото е долга околу 5.000 метри, а нејзината изградба е предвидена во делови: Претор – Сливница, потоа Сливница – Крани и во Стење. Завршени се околу 70 проценти од градежните работи и за претстојната туристичка сезона пешачката патека ќе биде завршена.
Вредноста на проектот е 54 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.