| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО по налог на СДС ќе ја уништува ВМРО-ДПМНЕ

Со­ци­јал­де­мо­крат­ско­то ја­бан­џи­ско оруж­је (СЈО) по­тфр­ли во ис­пол­ну­ва­ње­то на на­ло­же­но­то. Да, мо­же­би де­лум­но и ус­пеа во ми­си­ја­та „со две ра­це“ да по­мог­не во на­мет­ну­ва­ње­то на За­ев за ман­да­тар, но нес­по­рен факт е де­ка му тре­ба про­дол­же­ние на сопс­тве­ни­от ман­дат. СЈО е да­ле­ку од фи­ни­ши­ра­ње на сво­е­то не­де­ло. Крај­на­та цел е уни­шту­ва­ње­то на опо­нен­тот на па­те­тич­ни­от мур­тин­ски спа­си­тел. Сѐ до­де­ка Гру­ев­ски и ВМРО-ДПМНЕ се при­сут­ни во јав­но­ста, СДС без М не­ма да ја има по­са­ку­ва­на­та сло­бо­да за да ги ис­по­ра­ча да­де­ни­те ве­ту­ва­ња, кои и го про­тур­каа до ов­де. А дол­гот е го­лем и ви­си над де­моН­крат­ски­те по­ри­ви и гла­ви. Не Ја­не­ва, пра­шај­те ја Мо­ге­ри­ни...

По­не­дел­нич­ки, Ка­ти­ца по­втор­но ја из­не­на­ди јав­но­ста. Мно­гу­ми­на на­ив­ни со­ци­јал­де­мо­кра­ти „пад­наа“ во не­свест за­тоа што, ве­ру­ва­ле или не, Ја­не­ва по­ба­ра про­дол­же­ние на ман­да­тот на СЈО?! За­чу­де­но­ста од овој чин не­ми­нов­но про­из­ле­зе од ед­на мно­гу ед­но­став­на при­чи­на. Па чу­му Ка­ти­ца ба­ра про­дол­же­ние на ман­да­тот, ко­га це­лос­но си ја из­вр­ши за­да­ча­та за ко­ја бе­ше соз­да­де­но СЈО? Зо­што по­ба­ра нов ман­дат ко­га ус­пеа во ни­е­тот и во ми­си­ја­та да му обез­бе­ди ман­дат на За­ев? Па не­ли тоа бе­ше и по­ен­та­та на оваа ан­ти­прав­на и пар­ти­ска фор­ма­ци­ја? Или, се­пак, спе­ци­јал­ци­те стиг­наа до цел­та на­ло­же­на од на­ло­го­да­ве­цот од ри­дот?

Да, иа­ко дел од пред­ви­де­но­то е ис­пол­не­то, крај­на­та цел на па­ра­ин­сти­ту­ци­ја­та е да­ле­ку од сво­јот фи­ниш. СЈО не го за­вр­ши сво­е­то не­де­ло. Крај­на­та цел е уни­шту­ва­ње­то на опо­нен­тот на па­те­тич­ни­от мур­тин­ски спа­си­тел. Сѐ до­де­ка Гру­ев­ски и ВМРО-ДПМНЕ се при­сут­ни во јав­но­ста, СДС без М не­ма да ја има по­са­ку­ва­на­та сло­бо­да за да ги ис­по­ра­ча да­де­ни­те ве­ту­ва­ња што и го про­тур­каа до ов­де. А дол­гот е го­лем и ви­си над де­моН­крат­ски­те по­ри­ви и гла­ви. И та­ка, ми­си­ја­та на Ја­не­ва и неј­зи­на­та пар­ти­ска по­друж­ни­ца бе­ше ток­му де­вал­ва­ци­ја и раз­не­би­ту­ва­ње на по­ли­тич­ки­те фа­кто­ри што се гри­жат за на­ци­о­нал­но­то и за уни­тар­но­ста на др­жа­ва­та. Ва­ка, де­лум­на­та ис­пол­не­тост на за­да­чи­те зна­чи са­мо не­моќ­на ма­ри­о­нет­ска вла­да, ко­ја стар­ту­ва од по­зи­ци­ја на сло­бо­ден пад и сил­но ќе „трес­не“ при пр­ви­от пре­диз­вик. Си­лен пре­диз­вик за нив, не­за­вис­но да­ли тоа би­ло име­то, зна­ме­то, хим­на­та, гр­бот, ја­зи­кот, фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та…

За­мис­ле­те са­мо, За­ев и СДС без М пра­ват из­лет и ис­пол­ну­ва­ат, а СЈО и Ја­не­ва не се ту­ка за да ја за­ме­тку­ва­ат јав­но­ста со из­мис­лен кри­ми­нал на ВМРО-ДПМНЕ? А тол­ку се на­вик­наа на мо­мен­тот, се­ко­гаш ко­га ќе на­пра­ват или пла­ни­ра­ле да на­пра­ви­те глу­пост, ед­но­став­но, вр­тат во СЈО и оп, ди­гре­си­ја! Ка­ко то­гаш би функ­ци­о­ни­ра­ла вла­да­та на За­ев без СЈО? Па не мо­жат Мо­ге­ри­ни, Хан, Хојт Ји и ком­па­ни­ја це­ло вре­ме да ги спа­су­ва­ат, не­ли. Та­кси­рат, ама го­лем…
Со што од на­ве­де­ни­те иден­ти­тет­ски „ре­фор­ми“ и да поч­нат, со опо­зи­ци­ја ка­ко ВМРО-ДПМНЕ и си­лен на­род, раз­бу­ден, дла­бо­ко осве­стен и одам­на све­сен за пос­ле­ди­ци­те од ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, кој де­мон­стри­ра­ше (до­се­га не­ви­де­ни во Ма­ке­до­ни­ја) 250.000 при­сут­ни на про­те­сти­те при по­се­та­та на „при­ја­те­лот“ Хан, свес­ни се де­ка тоа ќе би­де са­мо брз по­че­ток на кра­јот на нив­на­та по­ли­тич­ка ка­ри­е­ра.

Со­о­че­ни со ви­сти­на­та и со си­ла­та на про­тив­ни­кот, на чи­ја стра­на е на­ро­дот и кој, уште по­бит­но, му пре­чи на „ча­до­рот“ и има ма­на што се про­ти­ви на ис­пол­ну­ва­ње­то на не­го­ви­те скри­е­ни жел­би, пла­нот за уни­шту­ва­ње на не­по­жел­ни­те по­ли­ти­ча­ри со став бе­ше и е да би­де ток­му пре­ку про­дол­же­на­та ра­ка СЈО. Кра­тен­ка што, всуш­ност, зна­чи СЕНЗАЦИОНАЛИСТИЧКО ИЛИ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКО ЈАБАНЏИСКО ОРУЖЈЕ. Из­бе­ре­те са­ми­те…

 

СЈО: Многу фантазија, читање, глума и индиции со малку факти и докази

За го­ле­ма жал на Ка­ти­ца, таа уште утре­ден­та бе­ше за­се­не­та од не­до­вет­но­ста на Фе­де­ри­ка Мо­ге­ри­ни, ко­ја без срам и пер­де го по­ви­ка ман­да­та­рот За­ев во Бри­сел. Не­фер чин од Ита­ли­јан­ка­та, ко­ја со пре­се­да­нот го от­трг­на вни­ма­ни­е­то од тол­ку те­шко смис­ле­ни­те и из­мис­ле­ни пос­лед­ни об­ви­не­ни­ја во СЈО, две од три про­тив нај­го­ле­ми­от не­при­ја­тел Гру­ев­ски. Не са­кај­ќи, ча­дор­џи­ка­та за­се­ни тол­ку труд и не­прос­па­ни но­ќи по­ми­на­ти во из­мис­лу­ва­ње. А и зо­што да не, па ако го прог­ла­си­ја Та­лат за пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то во 19.00, т.е. са­мо по­ло­ви­на час по не­у­став­но­то наз­на­чу­ва­ње, чу­му и ман­да­та­рот, кој сѐ уште пре­го­ва­ра за Вла­да, да не го прог­ла­сат за неј­зин пре­тсе­да­тел? Или, уште по­ед­но­став­но, зо­што во Ма­ке­до­ни­ја да има ка­кви и да е из­бо­ри, да­ли пре­тсе­да­тел­ски, пар­ла­мен­тар­ни или ло­кал­ни? Ед­но­став­но, за да нѐ спа­сат од мал­тре­ти­ра­ње и тро­ше­ње па­ри, Бри­сел и Ва­шин­гтон не­ка ни из­би­ра­ат сѐ, па и та­ка ни го пра­ват тоа кр­шеј­ќи ги си­те пра­ви­ла и нор­ми. Што е по­ен­та­та на „има­ње“ др­жа­ва во ко­ја сѐ се ре­ди и на­ло­жу­ва од стра­на? На­стра­на што се­ко­гаш ни мис­лат „до­бро“, а не де­ка те­ра­ат свои лич­ни ин­те­ре­си, не­ли…

За гре­во­та, но Мо­ге­ри­ни ја за­се­ни смо­квар­ка­та од Мр­зен­ци ток­му отка­ко „спе­ци­јал­ци­те“ се „скр­ши­ја“ од ра­бо­та и од из­мис­лу­ва­ње слу­чаи, во мо­мент ко­га со­о­че­ни со кра­јот на сво­е­то и та­ка не­до­вет­но дејс­тву­ва­ње и ман­дат, при­тис­на­ти од об­вр­ска­та да „ис­по­ра­ча­ат“, па­ра­ин­сти­ту­ци­о­нал­ки­те нав­ле­гоа во сво­јот зе­нит. Со пос­лед­ни­те три слу­чаи, се раз­би­ра на „Т“, Ка­ти­ца, Лен­че и Фа­ти­ме го стар­ту­ваа сло­бод­ни­от пад кон за­ле­зот на „ин­сти­ту­ци­ја­та“, ко­ја во исто­ри­ја­та ќе оста­не за­па­ме­те­на ка­ко нај­го­лем срам за прав­на­та фе­ла во др­жа­ва­та. Слич­но ка­ко ша­ре­на­та на­пра­ви­ја за по­и­мот ре­во­лу­ци­ја. Се на­ѕи­ра ли сли­чен исто­ри­ски при­мер со но­ви­от пре­ми­ер? По ана­ло­ги­ја, не­ли…

analiza247-zaev-top-tema-katica

Афинитетите и „квалитетите“ на СЈО

Во ре­чи­си 18 ме­се­ци ра­бо­та по­ка­жаа ед­но. Де­ка „Ву­јак­ли­ја“ по­сто­ја­но им е отво­рен на бу­ква­та „Т“ и де­ка има­ат мно­гу, мно­гу фан­та­зи­ја. Мал­ку бол­на, но, се­пак, фан­та­зи­ја. Са­мо за по­тсе­ту­ва­ње, збро­у­ва­ме за не­до­вет­ни­те и без тро­шка до­ка­зи во се­бе „Ти­та­ник“, „Твр­ди­на“, „Тенк“, ТНТ“, „Тор­ту­ра“, „Транс­пор­тер“, „Ти­фа­ни“, „То­тал“, „Три­ста“, „Таб­ла“, „Тре­зор“, „Топ­лик“, „Тен­де­ри“, „Тар­гет“, „Тенк“, „Та­ри­фа“, „Труст“, „Та­лир“, „Тра­е­кто­ри­ја“ и „Трев­ник“… И та­ка не е бит­но име­то, си­те се про­тив ВМРО-ДПМНЕ, што очиг­лед­но и бе­ше цел­та на не­про­коп­са­ни­те на­зи­ви. Ге­не­ра­ли­за­ци­ја, неј­се што е те­ме­ле­на на пу­сти ин­ди­ции…

Не де­ка за ед­на и пол го­ди­на не по­ка­жаа и одре­де­ни ква­ли­те­ти. Мо­же­би не прав­нич­ки, но пре­зен­ти­раа ду­зи­на дру­ги афи­ни­те­ти. Фа­ти­ме јас­но и нед­вос­мис­ле­но ѝ де­мон­стри­ра­ше на ма­ке­дон­ска­та јав­ност де­ка има не­ос­тва­ре­на, сил­на и огром­на жел­ба да би­де актер­ка. И по­до­бро што не би­ла, би­деј­ќи со ка­та­стро­фал­ни­от та­лент ќе ги за­се­не­ла ду­ри и Ри­стиќ и Та­сев­ски.

Ка­ти­ца, пак, освен афи­ни­те­тот кон смо­кварс­тво­то и ста­но­ви­те, по­ка­жа де­ка има огром­на жел­ба да на­у­чи да чи­та. Не­ко­гаш, ко­га ќе го сов­ла­да и овој те­жок чин, мо­же­би и ќе ус­пее да ги про­чи­та и на­у­чи тол­ку по­треб­ни­те за­ко­ни.

Уло­га­та на Лен­че за мно­гу­ми­на оста­ну­ва ми­сте­ри­ја, но ви­сти­на­та е де­ка „ча­до­рот“, кој им ја на­мет­на игра­та со „Т“, хо­ли­вуд­ски­те цир­ку­сант­ски прес-кон­фе­рен­ции и ома­ло­ва­жу­вач­ки­от од­нос кон ви­стин­ски­те ин­сти­ту­ции, неа ја на­мет­на ка­ко уб­ла­жу­ва­ње за „спо­соб­но­ста“, сти­лот и ли­кот и де­ло­то на Ја­не­ва. Кла­си­чен кон­траст или ди­гре­си­ја – ка­де да гле­да­ат гра­ѓа­ни­те при јав­ни­те на­ста­пи, со што би ѝ да­ла по­го­лем про­стор и сло­бо­да на Ка­ти­ца. Кол­ку по­не­за­бе­ле­жи­тел­на и по­не­и­стак­на­та, тол­ку по­до­бро за из­вр­шу­ва­ње на глу­по­сти­те. Во сен­ка…

 

8 милиони во ветер, ама ветер во едрата на СДСМ

За овие ре­чи­си 18 ме­се­ци, кои на­бр­гу за­вр­шу­ва­ат, СЈО по­тро­ши не­ве­ро­јат­ни осум ми­ли­о­ни евра. На­род­ни па­ри, да­де­ни во ве­тер, но не кој би­ло, ту­ку ве­тер што за­вр­ши во едра­та на СДСМ. Неј­се што сѐ им се те­ме­ли на ин­ди­ции и за тол­ку мно­гу вре­ме не из­гра­ди­ја ни­ту ед­но цвр­сто об­ви­не­ние, но за дел од па­ри­те Ја­не­ва не мис­ле­ше де­ка е по­треб­но ни да да­де от­чет пред Со­бра­ни­е­то, кое ги изг­ла­са. На­стра­на што не го ни приз­на­ва­ат. Че­каа ли да дој­де спи­ке­рот Та­лат за по­лес­но да ги оправ­да­ат? Да, но­во­то „мно­зинс­тво“ соз­да­де­но од ма­ша­та на „ча­до­рот“ пре­ку пре­диз­бор­ни­от и по­стиз­бор­ни­от ин­же­не­ринг, не­ма да има ни­ка­ков проб­лем да ги оправ­да тро­шо­ци­те на Ја­не­ва. Кол­ку и да се не­о­прав­да­ни и не­до­вет­ни. Па што ако вра­бо­ти­ла ду­зи­на на­па­те­ни и не­вра­бо­те­ни со­ци­јал­де­мо­крат­ски про­фе­си­о­нал­ни плу­ка­чи и из­вр­ту­ва­чи, кои из­ми­на­ти­те де­се­ти­на го­ди­ни беа ма­кси­мал­но вне­се­ни во де­вал­ва­ци­ја­та на акту­ел­на­та власт? Па и та­ка тоа бе­ше при­мар­на­та цел­та на СЈО и за­тоа овие ли­ко­ви тол­ку до­бро се вкло­пи­ја во па­ро­ди­ја­та. Очиг­лед­но, не е лес­но да се би­де спа­си­тел­ка на спа­си­тел од Мур­ти­но, ма­кар и са­мо­на­ре­чен. Оста­ну­ва са­мо ед­но пра­ша­ње, ко­ја ќе би­де на­гра­да­та за „пре­трг­на­то­то“ и за це­ла­та таа ма­ка со из­мис­лу­ва­ње кри­ми­нал? Да, но­ва­та „ре­форм­ска“ вла­да за­бр­за­но до­а­ѓа, „ча­до­рот“ ја тур­ка без исав, па не­ма да че­ка­ме мно­гу за да ви­ди­ме со што ќе би­дат на­гра­де­ни За­е­ви­те па­ра­ин­сти­ту­ци­о­нал­ни бор­ци. Зас­лу­жи­ја дел од ко­ла­чот. Им сра­бо­ти­ја мно­гу, што е пра­во, пра­во е…

Каракамишева-Јовановска: Граѓаните нема да ги заборават холивудските карактеристики на трите грации

Tanja-Karakamiseva-analizaСЈО, мно­гу оче­ку­ва­но, нај­а­ви ка­но­на­да од об­ви­не­ни­ја во на­ред­ни­от пер­и­од про­тив глав­ни­от кон­ку­рент на не­го­ви­от мен­тор За­ев. Ако вни­ма­тел­но ја сле­дев­ме пос­лед­на­та прес-кон­фе­рен­ци­ја на СЈО за­бе­ле­жи­тел­но бе­ше де­ка таа не се раз­ли­ку­ва­ше мно­гу од прет­ход­ни­те, со хо­ли­вуд­ски­те ка­ра­кте­ри­сти­ки на „на­ши­те“ три гра­ции-лов­џи­ки на „кри­ми­на­лот“ и на „ко­руп­ци­ја­та“ во зем­ја­та, ве­ли проф. д-р Та­ња Ка­ра­ка­ми­ше­ва-Јо­ва­нов­ска од Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је, спо­ред ко­ја тие по­сто­ја­но го ко­ри­стат исти­от реч­ник, иста­та на­со­ка и ше­ма, иста­та цел.

Каракамишева-Јовановска: Единс­тве­на­та раз­ли­ка на пос­лед­на­та прес-кон­фе­рен­ци­ја бе­ше во тоа што ше­фи­ца­та јав­но и со до­за на го­ле­ма па­ни­ка си го по­ка­жа за­бот што најм­но­гу ја бо­ли.

По­ка­жа де­ка, бу­квал­но, го прес­па вре­ме­то што ѝ бе­ше да­де­но на рас­по­ла­га­ње и се­га ка­ко ма­му­рен чо­век што е све­сен де­ка мо­ра да ста­не за да сра­бо­ти не­што се пре­пел­ка на прес-кон­фе­рен­ции и ба­ра до­пол­ни­тел­но вре­ме за да мо­же да сра­бо­ти не­што што ѝ е од­на­пред на­ра­ча­но. Тоа што Ја­не­ва и дру­ги­те спи­е­ја на др­жав­ни јас­ли 18 ме­се­ци, што во ме­ѓу­вре­ме по­тро­ши­ја не­кол­ку ми­ли­о­ни евра на лу­ксу­зи­ра­ња и на хо­но­рар­ци, и пак не ус­пе­аа да нај­дат ни­што по­се­ри­оз­но во бом­ба­стич­но нај­а­ве­ни­те пред­ме­ти, се­га тре­ба да се за­о­би­ко­ли, да се пре­скок­не сопс­тве­на­та од­го­вор­ност пре­ку под­не­су­ва­ње ба­ра­ње за про­дол­жу­ва­ње на ман­да­тот не­ба­ре ман­да­тот им е ви­но­вен за нив­на­та не­од­го­вор­ност и сер­вил­ност во ра­бо­та­та.

Пр­во, фа­ктот де­ка Биг Ма­ма има­ше по­тре­ба на са­ми­от по­че­ток од пре­сот лич­но и са­мо­у­ве­ре­но да кон­ста­ти­ра де­ка СЈО и таа ка­ко ше­фи­ца лич­но и пер­со­нал­но ја оправ­да­ле до­вер­ба­та што им би­ла да­де­на од гра­ѓа­ни­те, а ко­ја за неа би­ла од огром­но зна­че­ње и де­ка, за­мис­ле­те, тие ка­ко јав­ни об­ви­ни­те­ли ка­ко до­се­га, та­ка и во ид­ни­на ќе про­дол­же­ле нај­про­фе­си­о­нал­но да ја вр­шат сво­ја­та функ­ци­ја, и де­ка СЈО во рам­ки­те на сво­е­то по­сто­е­ње се етаб­ли­ра­ло ка­ко про­фе­си­о­на­лен др­жа­вен ор­ган што ус­пе­ал да из­гра­ди ин­те­гри­тет на не­за­вис­на и не­при­страс­на ин­сти­ту­ци­ја, а де­ка по­твр­да за тоа би­ла кон­ти­ну­и­ра­на­та до­вер­ба, ко­ја гра­ѓа­ни­те ја има­ле во ова јав­но об­ви­ни­телс­тво ка­ко ин­сти­ту­ци­ја на ко­ја најм­но­гу ѝ ве­ру­ва­ат, всуш­ност, по­ка­жу­ва ко­ја е нај­го­ле­ма­та бол­ка на Ка­ти­ца Ја­не­ва, ко­ја е нај­го­ле­ма­та ко­ле­ктив­на бол­ка на СЈО и на си­те ин­вол­ви­ра­ни ви­со­ко пла­те­ни хо­но­рар­ци во овој об­ви­ни­тел­ски цир­кус, кој по­ве­ќе од ед­на и пол го­ди­на се­којд­нев­но нѐ мал­тре­ти­ра пре­ку ма­ли­те екра­ни.

Вто­ро, ни­ту Ка­ти­ца Ја­не­ва ја оправ­да­ла до­вер­ба­та да­де­на од гра­ѓа­ни­те, ни­ту СЈО не­ко­гаш бил, ни­ту ко­га би­ло ќе би­де про­фе­си­о­на­лен др­жа­вен ор­ган, ни­ту ра­бо­та­та на оваа цир­ку­сант­ска гру­па мо­же да се тре­ти­ра ка­ко не­за­вис­на, а уште по­мал­ку ка­ко пар­ти­ски не­при­страс­на ин­сти­ту­ци­ја, ни­ту, пак, а нај­мал­ку СЈО и Ја­не­ва ужи­ва­ат кон­ти­ну­и­ра­на до­вер­ба од гра­ѓа­ни­те. Ова се бес­мис­ле­ни ла­ги и ши­ре­ње лаж­на са­мо­у­ве­ре­ност за про­па­ганд­на цел да се при­крие це­ли­от срам и ре­зил со кој е об­ви­ен овој па­ра­др­жа­вен ор­ган, да се скрие си­от не­про­фе­си­о­на­ли­зам и прав­но нез­на­е­ње, кое по­ве­ќе од ед­на го­ди­на исте­ку­ва од ска­по пла­те­ни­те вра­ти на СЈО, и да се ис­пе­рат кол­ку што е мож­но по­ве­ќе вал­ка­ни­те али­шта од сво­е­то ра­бо­те­ње во сог­лас­ност со пар­ти­ска­та аген­да на За­ев и ком­па­ни­ја.

Ни­ту мо­жат да се ис­пе­рат, ни­ту мо­жат да го ре­ла­ти­ви­зи­зра­ат оп­шти­от гра­ѓан­ски впе­ча­ток де­ка СЈО има ед­на единс­тве­на цел во си­сте­мот, а таа е да оцр­ни сѐ и се­ко­го што зна­чи не­што во ВМРО-ДПМНЕ.

Гра­ѓа­ни­те на РМ не­ма да ги за­бо­ра­ват хо­ли­вуд­ски­те ка­ра­кте­ри­сти­ки на три­те гра­ции, не­ма да ги за­бо­ра­ват те­а­трал­но­сти­те во из­ве­ду­ва­ње­то на прес-кон­фе­рен­ци­и­те не­ба­ре сни­ма­ат кри­ми-филм, а не во­дат прес-кон­фе­рен­ци­ја за се­ри­о­зен др­жа­вен ор­ган ка­ков што тре­ба да би­де јав­но­то об­ви­ни­телс­тво. Во си­те до­се­гаш­ни по­стап­ки јас­но ка­ко ден се до­ка­жа се­ле­ктив­на­та прав­да што најм­но­гу ја ми­лу­ва СЈО, се по­ка­жа де­ка СЈО не ги по­чи­ту­ва клуч­ни­те на­че­ла на кри­вич­на­та по­стап­ка, ка­ко што се на­че­ло­то на пре­сумп­ци­ја на не­ви­ност, тај­но­ста на по­стап­ка­та, ле­га­ли­те­тот на по­стап­ка­та, по­чи­ту­ва­ње на чо­ве­ко­ви­те пра­ва на осом­ни­че­ни­те и слич­но. За СЈО нај­важ­на ра­бо­та во овие 18 ме­се­ци ра­бо­та бе­ше ка­ко по­бом­ба­стич­но да го оцр­нат Ни­ко­ла Гру­ев­ски и не­го­ви­от најб­ли­зок тим од со­ра­бот­ни­ци и ка­ко да им на­ле­пат по­ве­ќе ети­ке­ти де­ка се ло­ши лу­ѓе.

СЈО е мно­гу, ама мно­гу да­ле­ку од не­за­вис­на и не­при­страс­на ин­сти­ту­ци­ја за ка­ква што се тру­ди, со свои збо­ро­ви, да ни се при­ка­же. СЈО е мно­гу да­ле­ку од ре­а­ли­зи­ра­ње­то на пре­по­ра­ки­те на Ве­не­ци­јан­ска­та ко­ми­си­ја би­деј­ќи оваа Ко­ми­си­ја ни­ко­гаш и ни­ка­де во Евро­па и во све­тот не под­др­жа­ла кла­си­чен пар­ти­ски раз­гра­нок во пра­во­суд­ни­те си­сте­ми, кој има единс­тве­на цел – да пра­ви пар­ти­ски лов на ве­штер­ки. Сра­мот и ре­зи­лот на „про­фе­си­о­нал­ци­те“ во СЈО не мо­же да се по­крие со ни­ту ед­но по­ви­ку­ва­ње на пре­по­ра­ки­те од Ве­не­ци­јан­ска­та ко­ми­си­ја, ни­ту со обич­но­то по­ви­ку­ва­ње на дру­ги до­ку­мен­ти до­не­се­ни од Со­ве­тот на Евро­па, од ЕУ, од ООН. Тие са­ми­те си се ви­нов­ни што се ста­ви­ја во ску­тот на За­ев, и што сле­по и вој­нич­ки ги ис­по­ра­чу­ва­ат не­го­ви­те на­ред­би за под­не­су­ва­ње об­ви­не­ни­ја, жи­го­су­ва­ње и ана­те­ми­су­ва­ње на ил­јад­ни­ци ли­ца – чле­но­ви на ВМРО-ДПМНЕ.

Ток­му за­тоа во на­ред­ни­от пер­и­од ќе се из­наг­ле­да­ме се­ка­кви пред­ме­ти за кои СЈО ќе се по­ста­ву­ва во уло­га и на ја­вен об­ви­ни­тел, зна­чи истра­жи­тел, и во уло­га на ос­но­вен, апе­ла­ци­ски, па ду­ри и вр­хо­вен суд во исто вре­ме. Ка­ти­ца Ја­не­ва со сво­јот тим ќе би­де пар­ти­ски ег­зе­ку­тор и оцр­ну­вач на се­кој што ќе мо­же да се по­ја­ви ка­ко по­тен­ци­ја­лен играч на ВМРО-ДПМНЕ за по­бе­да на ло­кал­ни­те из­бо­ри. Цел­та ќе би­де на до­се­гаш­ни­те, но и на мож­ни­те ид­ни но­ви кан­ди­да­ти за гра­до­на­чал­ни­ци што би про­из­лег­ле од оваа пар­ти­ја, а кои ка­ко лич­но­сти би мо­же­ле да од­не­сат по­бе­да на оваа пар­ти­ја во оп­шти­ни­те.

СДС пре­ку СЈО ќе би­де бе­скру­пу­ло­зен. Јав­на тај­на е де­ка СЈО е са­мо ед­на од ала­тки­те што СДС ќе ја ко­ри­сти за оцр­ну­ва­ње на по­тен­ци­јал­ни­те кан­ди­да­ти на ВМРО-ДПМНЕ. Дру­га­та ала­тка е, се­ка­ко, це­лос­но­то пре­зе­ма­ње на цен­трал­на­та власт и бр­ка­ње од ра­бо­та на сим­па­ти­зе­ри­те, под­др­жу­ва­чи­те и на чле­но­ви­те на ВМРО-ДПМНЕ. Среќ­на но­ва ’49 го­ди­на се­кој ден ќе ни би­де на ре­пер­то­а­рот. Уште се­га, уште не усто­ли­че­ни упа­ту­ва­ат за­ка­ни и уце­ни за бр­ка­ње од ра­бо­та, за пар­ти­ски ре­ван­шиз­ми, за чис­тки, за мет­ли, за ле­та­ње на гла­ви и на дру­ги ор­га­ни, и што ли сѐ не по­ра­ди раз­лич­но мис­ле­ње и раз­ли­чен став од пар­ти­ски­от став на СДС. Ве­лам став на СДС, би­деј­ќи во оваа пар­ти­ја по­стои ко­ле­ктив­но ед­но­у­мие ка­ко ре­ликт од вре­ме­то на СКЈ-СКМ.

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 247. број на неделникот „Република“, 26.5.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top