| четврток, 6 декември 2018 |

Според „Марка“, Алваро Мората се враќа на „чизмата“?!

alvaro morata

Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ ова лето и ќе се врати во Италија, тврди „Марка“. Негова следна дестинација треба да биде Милан.

Новото раководство на „росонерите“ остварило првични контакти со Реал Мадрид, и според шпанскиот весник, подготвено е да плати околу 60 милиони евра за ангажман на Мората, кој претходно имаше фантастични партии во Италија во дресот на Јувентус како позајмен играч.

Мората најави дека ќе си замине од Реал Мадрид поради статусот на резерва кој го имаше во изминатата сезона, а за него сериозен интерес покажуваат и премиерлигашите Челси и Манчестер јунајтед. Сепак, неговата вереница е Италијанка и многу поверојатно е тој да се реши повторно за Апенините. Од друга страна, Милан бара нови напаѓачи, со оглед дека од тимот најверојатно ќе си заминат Бака и Лападула.

Шпанецот нема да дава конкретни изјави на оваа тема се додека не заврши и официјално сезоната за неговиот клуб. Реал Мадрид ќе игра во финалето на Лигата на шампионите против Јувентус, на 3 јуни во Кардиф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top