| четврток, 6 декември 2018 |

Состојбата нагло и се влоши – Исидора Бјелица не може ни да зборува

Познатата српска писателка, Исидора Бјелица веќе неколку години води тешка борба со ракот. Состојбата неколку пати и се подобрувала и влошувала, а овојпат била принудена да ги откаже сите работни обврски во наредниот период.

Лично се обратила на своите фанови на социјалните мрежи и објаснила што и се случува:

-„Сакам лично да се извинам на своите читатели, особено од Кикинда, каде што промоцијата е одложувана неколку пати. Веќе месец дена имам навистина голем проблем со гласните жици, па поради тоа не можам да зборувам. Поради тоа се откажани и ТВ настапите и книжевните дружења во земјава и во странство. Многу ми е криво што нема да се дружиме. Исто така, за сите кои упорно ме бараат на телефон, морате да ми испратите СМС, бидејќи не можам да зборувам – напишала Бјелица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top