| четврток, 6 декември 2018 |

По барање на финалистите, мајсторката меѓу МЗТ и Соколи ќе ја судат турски судии?!

sudii

По големото незадоволство и од МЗТ Скопје и Карпош Соколи од досегашното судење во четири меча од финалната серија за титулата постои сериозна можност утрешната мајсторка која ќе одлучува за новиот шампион на Македонија да ја суди судиска тројка од Турција.

Како што дознава „Република“ од канцеларија на Македонската кошаркарска федерација за вакво нешто најпрвин треба да и официјално да се побара од двата клуба па потоа за тоа да донесе одлука челниците на федерацијата на чело со претседателот Петар Наумоски.

Ова е со цел подобриот да победи на теренот и да се избегнат подоцнежните коментари за арбитражата на кои навикнавме по средбите на двата македонски АБА-лигаши.

Имињата на судиите барем засега се чуваат во тајност, а нивното доаѓање во Скопје се очекува во текот на денешниот ден. Штом се добие согласност од клубовите, судиската тројка ќе биде објавена при официјалното делегирање на веб-страницата на Македонската Кошаркарска Федерација.

Како ќе реагираат македонските судии на ваквата одлука, ќе треба да се види. Сепак во нивните редови има и меѓународни судии кои со успех судат натпревари од Евролигата, АБА лигата, Лигата на шампионите, европските и светските првенства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top