Во среда, 24-ти мај, на покана на македонското друштво “Македониум” од Белград, во Народниот Театар Охрид ќе се одигра претставата “Аналфабет” од Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески. Играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска. Претставата е дел од манифестацијата “Денови на Македонската култура во Белград – Допирот на Македонија”. Почетокот на истата е во 20:30 часот.
Турнејата понатаму продолжува во Германија, поточно во Франкфурт, каде ќе се одигра театарската импровизација – “Импровокација”, со актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски, подпомогнати од Филип Жура. Организатори на настанот се Македонското културно и спортско друштво “Македонија” – Франкфурт. Импровокација ќе се одигра во сабота 27-ми мај, со почеток во 19:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.