Шеснаесет годишно девојче од Скопје вчера утрината било грабнато од поранешното момче.
Случајот во полиција го пријавила мајката на девојчето изјавувајќи дека таа и нејзината сестра, исто така малолетна, утрината околу 7 часот се шетале со двајца пријатели во близина на Сити мол.
-Во еден момент застанал автомобил „голф“ од кој излегол Ј.А., кој порано бил во љубовна врска со една од сестрите, ја фатил за коса и насилно ја внел во возилото, по што заминале, информираат од полицијата.
По пријава на случајот девојчето било пронајдено во домот на Ј.А.
Полицијата презема мерки на целосно расчистување на случајот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.